ВМРО-ДПМНЕ: Заев по втор пат е амнестиран политичар за очигледен криминал

„Зоран Заев од пред малку е по втор пат амнестиран политичар за очигледен криминал!“ – обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Ослободителната судска пресуда за „Поткуп“ не изненади никого. Jавностa е свесна како работи судството под политички притисок на власта. Беше сосема јасно дека судот нема да собере храброст да му изрече казна на главниот „реформатор“ во правосудството. Беше сосема јасно дека судот ќе подлегне на заканите од Зоран Заев дека би можел да си ги реализира најавите за генерален реизбор на судии, во кои тој како реформатор би носел одлука кој нема да биде реизбран. Бројни се заканите, но и наградите со кои власта ги мотивира или заплашува судиите да работат по нејзин терк.“ – наведуваат од партијата.

„Денешната одлука на судот е потценување на севкупната македонска јавност дека не го видела тоа што го виде на снимките на кои Зоран Заев бара поткуп. Денешната одлука на судот е потценување на секој граѓанин кој го слушна сведочењето на оштетениот бизнисмен кој под заклетва тврдеше дека Зоран Заев во својство на градоначалник му барал поткуп за секој квадратен метар земјиште и тоа по едно евро за црквата, едно евро за партијата и едно евро за Вице.“ -реагира ВМРО ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e