Владата обезбеди дополнителни 670 милиони денари за надминување на енергетската криза

Владата на вчера одржаната 132-ра седница, согласно Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, донесе Програма за зелен развој со која се утврдени дополнителни 670 милиони денари за реализација на проекти од областа на енергетиката, со цел надминување на состојбата со енергетската криза.

Како што соопшти владината Прес-служба, овие дополнителни средства ќе бидат наменети за производство и обезбедување на дополнителни количества на електрична енергија од обновливи извори на енергија за надминување на енергетската криза.

На оваа седница Владата го задолжи министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заедно со претседателот на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди да оствари средба со претставници на Општина Битола за да се договори постапката за санирање на последиците од земјотресот од 9 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e