(ВИДЕО) Заев на Виенскиот економски форум во Софија

Зоран Заев зеде учество на Виенскиот економски форум, кој како суштествена и комплементарна активност се организираше како дел од Самитот за Западен Балкан на ЕУ на темата „Поврзување“.

Заев, придружуван од Заменик претседателот на Владата на РМ, Кочо Анѓушев, и од Министерот за економија Крешник Бектеши, кои исто така учествуваат на форумот, во присуство на Премиерот Бојко Борисов, присуствуваа и на потпишувањето на Меморандумот за разбирање за спојување на пазарите на електрична енергија меѓу Република Македонија и Република Бугарија, што го потпишаа министерот Бектеши и Министерката за енергетика на Бугарија Теменушка Петкова.

Премиерот потоа учествуваше во работата на пленарната сесија на форумот, заедно со премиерите од земјите од регионот, и во своето обраќање истакна дека еден од главните приоритети на Влада на РМ е да ги зајакне соседски односи, за да се зајакне капацитетот и подготвеност на регионот да ги оствари стандардите на ЕУ како заедничка цел на сите земји од Западен Балкан.

Премиерот Заев истакна дека Виенскиот економски форум, е добра прилика да се афирмираат врските меѓу економијата и бизнисот со политиката со заедничките иницијативи со што се создаваат партнерства меѓу владите и општествата на земјите од Западен Балкан за иднината на граѓаните од регионот.

„Дозволете ми да ви дадам еден пример: Со Бугарија, потпишавме Договор за пријателство, добрососедство и соработка. Без странска медијација. Сега ги жнееме резултатите: Трговијата меѓу двете земји порасна за 12 отсто. Ова е добар пример и поттикнување за подобрување на билатералните односи за другите во регионот“, истакна премиерот Заев на форумот, и информираше за заедничките меѓувладини сесии (Г2Г) со Бугарија и Албанија, како и за позитивниот развој на односите со Србија и Косово.

Премиерот Заев, во тој контекст, зборуваше и за разговорите со Грција и информираше дека на последните средби се презентирани повеќе опции за можни решенија, а една од нив најавува решение кое може да биде прифатливо и за двете страни.

„Во минатата година работевме напорно за да им покажеме на нашите соседи и пријатели дека Македонија е на вистинскиот пат“, рече премиерот Заев, и ги запозна присутните со главните придобивки од реформските процеси во земјата опфатени со Планот 3-6-9, и потенцираше дека најголемото признание за напредокот на Македонија дојде од Европската Комисија со препораката Советот на ЕУ да донесе одлука да ги отвори пристапни преговори со Република Македонија.

Премиерот Заев истакна дека една од најважните мисии на лидерите и на политичките раководства од регионот на Самитот на ЕУ е да ги мотивираме и убедиме лидерите на ЕУ да го прифатат Западен Балкан во европската визија за Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e