(ВИДЕО) Тутунарите задоволни од навремените и покачени субвенции

Во текот на вчерашниот ден беа исплатени 80% од субвенците за тутунот во вредност од 22 милиони евра, наменети за 20.880 тутунари, информираше Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при средбата со тутунарите во село Ивањевци, општина Могила.

Тутунарите задоволни од навремената исплата што ќе значи и навремено покривање на трошоците за засадување на тутунот. Не го криеја ниту задоволството од највисоката просечна цена постигната досега.

„Ја сум од Долненска општина, а инаку сум од село Црниште. Произведувам тутун до три ипол тона, а инаку во нашата општина се произведува од седум ипол до осум милиони. Ние во општината живееме само од тутунот. Оваа година 2017/18 сме многу задоволни бидејќи имавме добар просек, скоро 225 денари. Со субвенциите многу ни помогна оваа влада што навреме ни ги даде бидејќи со овие пари сега садиме тутун, имаме трошоци кои навремено ќе ги покриеме. Многу  сме благодарни и во следните години се надеваме на ваков просек.“ – вели еден од тутунарите од село Црниште.

„Имам хектар ипол површина со тутун со кои почнав годинава. Благодарение на редовните субвенциите ги покриваме репроматеријалите, нафта, ѓубриво, средства за да секој тутунар благовремено започне со засадувањето. Навременото субвенционирање е благодет.“ – вели тутунар кој благодарение на овие субвенции го проширува своето производство.

„Оваа година има многу тутун. Мината година се откупија 24 ипол милиони на ниво на Македонија. Годинава очекуваме зголемување на површините бидејќи субвенциите си го остварија своето. Официјално на сметките на нашите тутунари легнаа средствата од субвенциите по најновиот модел и тоа 80 ден за прва, 70 за втора и 60 за трета класа. Ваквата исплата за нас значи порелаксирано производство можеме сите работи навремено да ги завршиме бидејќи сега ни се најпотребни парите кои ги добивме.“ – порача еден од поискусните тутунари од овој крај.

Деновиве, веднаш по извршените контроли, ќе се исплатат и останатите 20%. – информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e