(ВИДЕО) Од 10:30ч „ТВ Училница“ на МРТВ заедно со Петко и Лина!

Преку ТВ УЧИЛНИЦА ќе се надоместува дел од загубеното време во образовниот процес.
Во рамки на едукативната програма „ТВ училница“, учениците денеска на Македонската радио-телевизија ќе можат да проследат повеќе лекции по различни предмети што ги изучуваат на училиште.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, денеска со почеток од 10:30 часот на МТВ 1 училишниот час по Природни науки, за прво одделение, Математика, за прво и второ одделение, Музичко образование, за второ одделение и Слободно време (од прво до трето одделение) на македонски наставен јазик ќе ги одржи одделенскиот наставник Билјана Ивановска од ООУ „Вера Јоциќ“ од Општина Гази Баба.

Со почеток од 12:30 часот на МТВ 2 истите предмети на албански наставен јазик ќе ги одржат одделенските наставници Хатиџе Топали од ООУ „Петар Здравковски – Пенко“ и Мерита Ајдини од ООУ „26 Јули“ од Општина Шуто Оризари.

Проектот е интервентна мерка на Минстерството за образование, во координација со сите надлежни институции, за периодот додека се затворени училиштата и градинките. Програмата е воспитна, образовна, но и забавна, а се емитува секојдневно на јавниот сервис.
ТВ настава ќе има и за повисоките одделенија кои исто така се на принуден распут. Од министерството за образование велат велат дека емиисте за основците се правени според наставната програма за основите училишта. Па така лекциите кои деновиве ги пропуштија , место од книга ќе ги научат од телевизија. Едукативната програма се емитува на трите канали на МРТВ.
Сличен пример има и во Хрватска, каде националниот сервис ќе емитува ТВ настава за учениците до четврто одделение во периодот додека се затворени училиштата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e