(ВИДЕО) Митрески: ВМРО-ДПМНЕ во Собрание блокира се што е во интерес на граѓаните, тоа е неодговорна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кочи се што е во интерес на граѓаните, на општините, на државата, изјави на денешната прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

„Наместо да се посветат на интересите на граѓаните, на оние кои ги бирале, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се посветени на блокади, деструкции за лични и партиски интереси.

Во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упорно го кочат Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. Со него се предвидува задолжителен отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија, со цел нормално функционирање на јавните претпријатија и непречена реализација на нивните развојни активности.

Овој Закон е влезен во собраниска процедура од 01.10.2020 година, точно пред 11 месеци.

Овој Закон е влезен во собраниска процедура од 01.10.2020 година, точно пред 11 месеци.

Во истата комисија ВМРО-ДПМНЕ го блокира и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во услови на ковид-19“, истакна Митрески.

„Со овие законски измени Јавните комунални претпријатија, Јавните претпријатија и Управата за Јавни приходи, како и на општините и на сите други институции од јавните дејности, ќе им се нареди да ги простат и избришат долговите на граѓаните, по основ на камати во висина од 100%. Ова се однесува на сите физички лица во државата и овој Закон е влезен во процедура по скратена постапка од први јули 2021 година, пред 3 месеци.

Закочен е заемот кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за дополнително финансирање на проектот за поврзување на локални патишта.

Со него треба да се обезбедат дополнителни 37 милиони евра за делумна или целосна реконструкција на улици во речиси сите општини.

Во Комисијата за труд и социјална политика, деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на Законот за работни односи, со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците.

Овие измени кои треба да стапат на сила на први октомври ќе обезбедат соодветна рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работниците.

Да напоменам дека сме добиле и десетици писма од ССМ кои не повикуваат нас пратениците политиката да ја оставиме на страна кога станува збор за правата на работниците. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ го кочи и овој Закон кој што го очекуваат голем број на работници, посочи Митрески.

Митрески нагласи дека во Комисијата за образование и наука, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со сите сили ги кочат законските измени кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници и стручни соработници во основните и средни училишта, очигледно е дека уште живеат во тој филм дека работниците, наставниците треба да се плашат секоја година дали ќе ги зачуваат своите работни места.

„Со овој Закон се предвидува и зголемување на платите, при секое зголемување на минималната плата, сите сте сведоци колкав е растот на минималната плата и сите сте сведоци дека ако основицата за пресметка биде минималната плата колкав ќе биде растот на платите на вработените во образование, но предвидува и исплата на додатоци за плата за претходно стекнати педагошки звања како резултат на успешност во работењето, додаток за одделенско односно класно раководство, за работа во комбинирана паралелка и за работа во ридско планинско подрачје кои им следуваат а кои досега законски не беа уредени.

ВМРО-ДПМНЕ се противи и на измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност дали да продолжат во јавна служба или да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, како и дополнителни поволности при пензионирање. Овој Закон е во процедура од февруари односно точно од пред седум месеци.

Периодот во кој многу професионални војници наполнија 45 години и имаа можност да го искористат ова право, но за жал во овој период тоа не се случи.

Преку 40 закони блокирани на Комисиите чии претседатели се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, закони со кои се врши усогласување со Законот за прекршоци.

Нема друго образложение освен тоа дека ВМРО-ДПМНЕ сака и понатаму граѓаните да плаќаат повисоки казни како што тоа беше во нивното 11 годишно владеење со страв и закани. Овие закони се влезени во процедура од денот на конституирање на овој парламентарен состав што значи пред повеќе од една година.

Сето ова е показател за деструктивното, лицемерно и неодговорно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

Како ниту една опозиција во светот, ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните, против интересите на сопствената држава.

Таквото нивно однесување граѓаните ќе го ценат и соодветно ќе го казнат, како и многу пати досега“, потенцираше Митрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e