(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски е разобличен! Да каже со кого соработува во Бугарија?

СДСМ јавно го повикува Мицкоски овие два дена, во име на националните и државните интереси, да одговори:

Со кои структури во Бугарија интензивно соработува во овој период на штета на државните позиции? – порача денес на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ .

Во време кога се наоѓаме во многу важен период за македонската иднина, Мицкоски работи против интересите на сопствената држава, против итересите на сопствениот народ.

Пример за тоа е лагата искажана лично од Мицкоски дека викендов се преговара во Софија на измислени, тајни средби, или, цитирам „овој викнед во Софија се распарчува Македонија„, како што вели самопрогласениот хистеричен политичар. – рече Кузеска на прес-конференцијата.

Викендот помина. Не се распарчивме секако. Ниту пак имало официјални претставници во Софија, најмалку тајни средби како што излажа Мицкоски.

Мицкоски е целосно разобличен! Целта со оваа срамна лага, невистина беше да и се наштети на државата.

И тоа во време кога пристигна силна поддршка од нашиот стратешки партнер, САД, преку писмото од заменик помишникот државен секретар Филип Рикер!

Од една страна, преку масовно ширење невистини и хистерично пласирање лажни вести ДПМНЕ прави обид за поткопување на државната позиција. Од друга страна ДПМНЕ оркестрирано поттикнува конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните.

Ова е реприза на хистеричниот Мицкоски, исто како и процесот на разговори со Преспанскиот договор, кога секојдневно се ширеа лажни вести дека македонскиот иденитет ќе биде загрозен.

И тогаш исто како и сега се ширеа лаги дека толку е со македонскиот идентитет, за да се покаже сосема спротивното, дека македонскиот е потврден и признаен.

Ова е исто така реприза на лажните вести дека мигранти ќе се населуваат во земјава.

Ова е истата матрица на поразениот Мицкоски кој години наназад освен лажни вести, сопки, деструкции и кочење на државата не понуди ништо друго.

За македонскиот идентитет не се разговара, не може да се разговара и ниту ќе се разговара.

Ние сме Македонци! Зборуваме македонски јазик кој нема бугарски корени!

А македонската иднина е во и со Европа!

Наместо да крие зад срамни соопштнија Мицкоски да излезе и да одговори: за кои структури во Бугарија одработува на штета нашиот народ? – порача Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e