(ВИДЕО) Херојот Јован кој спаси 21 живот во Пулс се врати дома

Добра вест по хоророт во Кочани кога избувна пожар во дискотеката Пулс при што загинаа 59 лица, а повеќе од 160 се повредени и се на лекување во земјава, регионот и странство. Младиот Јован Костадинов од Виница кој како вистински херој спаси 21 живот од пламените јазици во Пулс, е пуштен дома од болница.

– „Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника и опасност не помисли на себе, туку само на другите? Јован, кој има само 21 година, постапил како вистински херој. Влегувал повторно и повторно, не еднаш, не двапати, туку повеќе од 20 пати, за да помогне на оние што биле заробени во пламените. Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други. Неговото тело ги носи лузните од неговото јунаштво, но неговото срце носи нешто далеку поголемо: почитта, восхитот и љубовта на цела нација“, напиша Таравари на Фејсбук за младото момче кое е вистински херој.
Јован беше пречекан со овации и аплауз во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e