(ВИДЕО) Бачев пред домот на Пешевски: Дел од осумтемина пратеници се предомислуваат, двотретинското мнозинство виси

Група демонстранти организирани преку „Македонија блокира“ вчера се собраат пред домот на поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, поради неговото писмо неодамна објавено, а упатено до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Демонстрантите извикуваа „предавник“, беа придружувани од патриотски песни и го вееја македонското знаме.

На Пешевски му порачаа дека промената на Уставот е национално предавство и го повикаа да им се придружи како би се спасил од одмаздата на македонскиот народ.

Сепак на нив не им беше дозволено да го поминат кордонот полиција и да се доближат до домот на Пешевски за да му го дадат протестното писмо.

Претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, во говор пред присутните рече дека дел од пратениците на опозицијата, кои гласаа за отворање на Уставот, почнале да се предомислуваат.

-Стигнуваат убави вести, еден дел од осумтемина пратеници  се предомислуваат, нема да помине двотретинското мнозинство, ве лаже Заев, тоа мнозинство виси и не е сигурно. Што ти требаше тебе да пишуваш такво писмо? – му порача Бачев на Пешевски.

Меѓу присутните беше и екс функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, кој ја праша полицијата зошто ги снима.

-Што сме сега ние, непријатели, што не снима полицијата? Зошто не снимате? Зошто ги посетувате нашите другари и ги викате по полициски станици? – порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e