(ВИДЕО) „360 степени“: Кривичниот суд го тресат скандали со претседателот Владимир Панчевски

Само еден ден откако „360 степени“ побара коментар од претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски за решението за уривање на бесправно изградени два ката и поткровје на објект во негова сопственост, полицијата по налог на Јавното обвинителство со истражители упадна во инспекциската служба на Општина Центар, отворајќи постапка против одговорното лице кое се потпишало на решението за уривање. Ова е само една од темите на емисијата „360 степени“, во која се обелоденува и официјален документ од Основниот суд Скопје 1, во кој претседателот Владимир Панчевски ги инструира судиите, да не преземаат никакви дејствија по барањата кои ќе им стигнат од обвинителствата, еден ден пред судиката Весна Димишкова да ги потпише налозите за претрес во Министерството за култура и во УБК. 

„Ако судијата добие предлог за превземање на конкретно дејство по кое треба да донесе наредба или каква било одлука, кое го добил директно на рака од надлежнуиот обвинител, задолжително да го врати.. прво треба да се достави до одговорниот службеник кој во согласност со судскиот деловник треба да оформи и заведен конкретен судски предмет, а не веднаш да го земе на работа поднесокот со оглед дека ваквото постапување е неделовничко“ – гласи укажувањето на Панчевски до судиите.
Ваквото барање на Панчевски, според гостинот во емисијата, новинарот Љубиша Станковиќ, кој долги години ја следи оваа проблематика е сомнително и наведува на тоа дека претседателот на судот го презел овој чекор за да има контрола врз барањата што до судот ги доставува Специјалното обвинителство.


„360 степени“ продолжи да ја следи и приказната за објектите на улицата Салвадор Аљенде на Водно за која истражител на СЈО беше приведен на информативен разговор за нелегално снимање на објекти. Според податоците, иако во дозволата за нивната градба стои дека тие се наменети за хотелско или апартманско сместување, сопственикот на објектот нема доставено никакво барање за регистрација на дејноста во Министерството за економија. Интересен е и податокот до кој доаѓа „360 степени“ според кој иако објектите се наоѓаат на ул. Салвдор Аљенде, во Катастарот на недвижности, двете згради се запишани на адреса – улица Славејко Арсов број 138 и 140.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e