(ВИДЕО) 360˚ Османи: Имаме решение за името прифатено од двете влади

Во дебата на „360 Степени“, тема беше самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија и исходот од него, во прв план информациите за името дека „една опција е прифатлива за двете влади“. Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања зборуваше за тоа што се договорило меѓу премиерите на двете земји, Заев и Ципрас.

– Самитот во Софија ќе биде историски и поради значителниот напредок за прашањето за името. Како што рече и премиерот на прес-конференцијата, дека првпат после 27 години спор, имаме решение коешто е прифатено од двете влади. – рече Османи.

 – Имаме решение?

Да, коешто е прифатено од двете влади, меѓутоа владите не се тие коишто одлучуваат сами за вакви прашања. Тука влегуваат и другите чинители во општеството, тука влегуваат опозицијата, претседателот на државата, граѓаните, затоа велиме значителен напредок а не велиме завршено прашање, заради тоа што владата е само еден чинител, можеби најважниот чинител, но е само еден. За да има решение треба да има се, цело е кога има се, треба сите чинители во двете општества да се согласат на тоа решение. Меѓутоа, ова е постигнување без преседан, бидејќи ние никогаш во овие 27 години не сме биле во ситуација во која двете влади се согласуваат за едно решение. Доколку тоа решение би било прифатливо дома, бидејќи целиот процес ќе се одвива низ најтранспарентен и институционален можен начин, и доколку се добие ист впечаток и од другите важни чинители во општеството, се разбира дека тоа ќе биде финалното решение – рече Османи.

Тој не сакаше да ја коментира информацијата дека предлогот за името е „Република Илинденска Македонија“, барајќи прво да бидат информирани опозицијата и претседателот на државата.

– Од после, откако ќе се добие нивното мислење ќе се излезе во јавноста и ќе се соочи прашањето со јавноста. Сега е прерано, избрзано и премногу може да го ризикува процесот. Затоа барам и замолувам за внимателност, не се работи за повеќе од ден-два – рече Османи.

Погледнете го видеото од интервјуто!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e