Усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија

Владата на денешната седница ја усвои Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2020 година.

Програмата ги дефинира потрошувачите кои спаѓаат во оваа категорија, а ги утврдува и мерките за заштита.

-Со Програмата се дефинирани и мерките за заштеда на електрична енергија и енергетска ефикасност, начините за реализација на мерките, мерките што ги преземаат операторите на системите за дистрибуција на енергија, мерките што ги преземаат снабдувачите со обврска за обезбедување на јавна услуга, односно универзална услуга во снабдувањето со енергија, како и потребните средства и извори за финансирање, наведува владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ