Туфегџиќ: Оваа битка ќе биде најважна за секој од нас

“Кандидатурата е голем чекор за мене, но и огромна одговорност пред секој кој го познавам и кој ме поддржува или не ме поддржува.Таа одговорност секојдневно ќе ја носам и оправдувам.
Сметам дека сето она кое сум го зборувала и бранела изминатите две години сега ќе имам шанса да го бранам, предлагам и зборувам во Собранието.
Исто така, мислам дека отварањето на партиите за граѓанските активисти го покажува значењето на граѓаните во оваа битка, но и е чекор кон модернизирање и менување на партиите.
Оваа битка ќе биде најважна за секој од нас и ако не сакаме да ги наполниме аеродромите со луѓе кои имаат билети во еден правец сите ќе се надминеме себеси во корист на големата слика.
Значењето на оваа битка, пак, не смее да ги замолчува критиките, напротив, критиките се и мора да бидат добредојдени, затоа што само така ќе стануваме подобри и ќе имаме шанса да се поправаме.
Не чека многу работа за победа и за враќање на нормалноста, она што толку многу време ни недостига.
Ви благодарам на сите за поддршката.”

Фејсбук статус на Ивана Туфегџиќ од Студентскиот парламент 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e