Трипуновски од делчевско: Земјоделците се оставени сами да се снаоѓаат

Ниту субвенциите стигаат кај крајниот земјоделец и тука имам безброј примери кои ми ги посочија за неисплатени субвенции за млеко и за стока и за житни култури. Исто така ниту од оние дополнителни субвенции кои што ги ветија по однос на сливата се уште не се исплатени во оваа општина и во оваа село и со овие земјоделци со кого јас разговарав денеска, рече дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски од делчевското село Град.

Земјоделците посочуваат на игнорантски однос и од подрачните единици и од министерството, буквално оставени се овие три години сами да се снаоѓаат како знаат и умеат и со пласманот и на млекото и на останатите земјоделски производи. Ова е реалноста во Република Македонија и тука се среќаваме со една таква ситуација дека  земјоделците не се поддржани од државата на начин кој што треба да го имаат односно онаа потпора во однос на пласирање на нивните земјоделски производи, рече Трипуновски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e