Трет пат по ред се покачува платата на работниците во време на Владата на СДСМ

Минималната плата од 18.000 денари стана реалност. Владата на СДСМ го реализираше ветувањето со кое на над 80.000 работници од разни индустрии мартовската плата ќе им биде најмалку 18.000 денари. По преговорите во Владата, синоќа премиерот Димитар Ковачевски истакна дека со ова покачување нето платата на овие работници порасна за 45 евра месечно.

-Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е и двојно покачување од минималната плата од 2016 година, станавме предводници во Европа со висината на уделот во просечната плата. Очекуваме оваа мерка позитивно да влијае и на останатите плати во сите индустрии, со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани – рече Ковачевски.

Со покачувањето на минималната плата, Северна Македонија се најде пред неколку земји во регионот. Во Косово минималната плата се движи од 8.000-10.475 денари, во Албанија минималната плата е 15.193 денари, во БиХ минималецот за работниците изнесува 17.106 денари, а во Србија е 17.925 денари. Во земјите од регионот кои се членки на ЕУ, минималата плата изнесува 20.720 денари во Бугарија и 30.695 денари во Хрватска.

За неполни 5 години, владата на СДСМ успеа двојно да ја покачи минималната плата. Кога Социјалдемократите дојдоа на власт минималната плата во државата беше 9.590 денари, со ова најново покачување на минималната плата, Владата предводена од СДСМ трет пат по ред ја покачува платата на работникот.

Освен покачувањето на минималната плата, Владата во време на здравствена и социо-економска криза направи уште неколку „интервенции“ во интерес на граѓаните. На нив синоќа потсети и премиерот.

-Не дозволивме радикалното поскапување на струјата на пазарот да падне на грбот на граѓаните. Денес 650.000 граѓани плаќаат речиси иста цена на струјата, а поскапувањето за 72% на струјата како обврска го презеде државата. Со тоа практично ги субвенционираме сметките на граѓаните во висина од 38 милиони евра. Најдовме решение и за кризата со парно греење во Скопје која исто така е последица на европската енергетска криза. Не дозволивме граѓаните да останат без затоплување и го преземавме управувањето со БЕГ. Сите овие решенија се во интерес на заштита на семејниот буџет на секое семејство, заштита на стандардот и влог во битка со економската криза – рече Ковачевски.

Со новото покачување, две минимални плати може да ја покријат вредноста на минималната синдикална кошничка и на граѓаните да им останат плус пари, а ова беше клучното барање и на Синдикатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e