Тодоровска: Визбегово не е добро место за трите деца од Ранка Милановиќ

Катерина Тодоровска од Визбегово, една од организаторите на протестот против вселувањето на трите деца од Ранка Милановиќ во оваа општина вели дека овие деца не можат да бидат донесени во Визбегово од причина што има агресивни кучиња, нема тротоари, има загаден воздух и прашина во голем дел од објектите, како и дека нема други деца со кои овие три ќе се социјализираат.

-Нашиот револт е дека ние не можеме да одоговириме на нивните потреби. Треба да имаат нормално училиште, во селото нема деца, немаат со кого да играат. Ние немаме време кога да се социјализираат нашите деца со тие деца. Тоа нее страв од децата, туку желба да помогнеме. Нашата желба беше лошо интерпретирана. Побаравме да се дислоцираат од местото само за да не доживеат траума. Децата од Ранка Милановиќ се по кревки за разлика од оние во 11 октомври. Ние имаме селски куќи, имаме агресивни кучиња, нема тротоар, има загаден воздух и објекти со прашина, вели Тодоровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e