Тинејџер претепан до безсознание, се бори за живот на КАРИЛ

Тинејџер од скопското село Визбегово се бори за живот на скопската клиника откако двајца малолетници го нападнале во Старата скопска чаршија.

Случаен минувач во саботата спроти неделата вечерта околу 1 часот, пријавил во полиција дека во улицата „Битпазарска“ во Скопје лежело машко лице во бесознание.

Констатирано било дека се работи за К.С., 18 години од село Визбегово, скопско. Од страна на Итна медицинска помош момчето било пренесено во Ургентен центар и моментално се наоѓа на КАРИЛ, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Од МВР соопштуваат дека момчето го нападнале двајца четиринаесетгодишни малолетници од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e