Тачи: Истекнувањето на линданот се случило инцидентно, веднаш се преземени мерки за заштита

Истекнувањето се случило инцидентно од испирање на резервоар кој содржел метил акрилат. Количините што се истечени од вентилот не е од чист метил акрилат туку вода од ипсирање на резерварот. Имало 24 часовен надзор, но не забележале бидејќи не ја осетиле веднаш миризбата поради ветерот кој дувал на спротивната страна, вели Хусни Тачи преставник од инспекторатот за животна средина.

-Се претпоставува дека имало 11 тони внатре во резервоарот, испарувањето што се случило при излевањето е во мали количини. Штетно е за здравјето на луѓето, но количините се минимални. Количините се излеани во бетонски базен кој е непропустлив. Веднаш се преземени мерки за ставање во буриња за да нема понатамошно испарување. Преземени се мерки и за чистење на базенот, истурено е пилевина и извршено е дезинфекција на просторот, вели Тачи.

Тој дополни дека извршени се мерења од страна на преставници на штипскиот универзитет по што било утврдено е дека нема метил акрилат во воздухот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ