Васев: Сведоштватo за изборните измами и закани, заедно со Стевче Јакимовски е потврда дека ништо не е сменето во опозициската партија

Вчера јавноста можеше да чуе во судско сведочење како незаконски се издавале 500 лични карти на лица од Ресен и Преспа на адреси во општина Центар, за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. – порача денес на прес конференција Стефан Васев од СДСМ.

Васев порача дека ништо не е сменето во опозициската партија.

Јавноста вчера слушна и за закани и пристисоци од функционери на ВМРО-ДПМНЕ врз вработени во Министерството за внатрешни работи. Тоа е начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е понудата на Христијан Мицкоски за обнова на режимот, за обнова на насилството и изборните измами. – рече Васев.

Главен сојузник на Христијан Мицкоски и коалициски парнтнер е Стевчо Јакимовски поранешниот градоначалник на општина Карпош. Јакимовски е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања со што се сомничи дека ја оштетил општина Карпош за повеќе од 230.000 евра. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат само обнова на режимот за повторно да злоупотребуваат институциите, да градат бесправно, да вршат пристисоци и закани врз граѓани. – порача Васев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e