Сугарески: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов во 2021, идната година ќе бидат пуштени 30 километри

Донесовме неколку анекси, моите очекувања се јуни 2021 година да биде готов автопатот Кичево-Охрид. 30 километри автопат од Охрид до Врбјани треба да биде пуштен идната година. Градежништвото не памти такви утки како на овој автопат. Мислам на неусогласеност на проектната документација со реалната состојба. Немањето клучки и дислокации на електороенергетски објекти. Може да кажуваат дека оставиле проекти во наследство, но ова е едно од клучните прични за падот на БДП во минатиот период, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Министерот во однос на анексот на договор вреден повеќе од 100 илјади евра морало да биде потпишан со истата кинеска компанија Синохидро која го градеше автопатот. Во спротивно државата ќе морала да плати огромна сума на оштета за компанијата.

-Цените се три пати пониски од тоа што го имале вклучувано за автопатот. Погледнете ги цените тогаш и погледнете ги цените сега. Немаше можност да се доградува патот со друга фирма, мораше со Синохирдо. Доколку се избереше друга компанија или беше прекинат овој проект, давачките ќе беа огромни, вели Сугарески.

Сугарески напомена и дека нема да се гради карго аеродромот во Штип, а парите ќе бидат наменети за изградба на други градби од јавен интерес.

Во однос на пругата до соседна Бугарија, министерот за транспорт и врски рече дека на македонска територија треба да биде готова до 2025 година, додека пак буарскиот дел треба да биде готов до 2027 година кога најверојатно ќе биде и пуштена пругата во употреба. Сугарески додава дека спојувањето односно граничниот премин ќе биде со тунел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e