Страотни сообраќајки во Скопје, во болница 14-годишно дете, но и други лица

На ул.„Џон Кенеди” во Скопје,  вчера во 15:30 часот А.Ѓ.(48) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица” со скопски регистарски ознаки  удрил во 14 -годишно дете од Скопје. По незгодата, со возило на брза помош детето било пресенено во Градска општа болница „Св. Наум Охридски”, каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

На булевар „Македонија” во Скопје вчера во 16:40 часот патничко моторно возило  „Опел Корса” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(63) од Скопје удрило во мотоцикл „Гилера” со национална ознака на Швајцарија, управуван од Р.С.(36) од Скопје.

Од ударот, Р.С. и сопатникот на мотоциклот Ш.С.(25) од Скопје со возило на брза помош биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Кај сопатникот биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека на Р.С. му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

На булевар „Никола Карев” во Скопје, вчера во 17:30 часот кај приклучокот од булевар „Крсте Мисирков”, Е.Б. (32) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Опел Зафира” со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот И.М. (83) од Скопје.

Од ударот со повреди се здобил И.М., кој со возило на брза помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски” каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

На крстосница од ул.„Ферид Мурати” и ул.„Тале Христивов”,  синоќа во 19:30 часот Х.М.(21) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Пасат” со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.С.(54) од Скопје. Од ударот, Л.С. се здобила со повреди и со возило на брза помош била пренесена во Градска општа болница „8-ми Септември”, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e