Спасовски изрази сочувство за трагедијата во Шутка каде во пожар загинаа две деца

Премиерот Оливер Спасовски заедно со претставници на институциите веднаш по пожарот во скопската наслеба Шутка во кој изгореа две деца се упати на самото место на немилиот настан.

Спасовски изрази длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи.

„Ќе направиме сѐ што е потребно да обезбедиме првична помош за семејството уште денес, сместување и финансиски средства, а дополнително ќе разговараме за подобрување на инфраструктурата, за во иднина да не ни се случуваат вакви немили настани.“ – рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e