Спасовски: До 2015-та имавме 7 дрегери и 10 радари, а сега покажуваме најдобри резултати за безбедноста во сообраќајот

„Во 2015 имавме едвај 7 дрегери и 10 радари, а денес имаме сериозна опрема и значително подобрени резултати. Минатата година ја завршивме со најдобри резултати во полето на сообраќајот во последните 30 години, а на завидно ниво се и резултатите во намалувањето на криминалитетот“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во вестите на „Канал 5“ телевизија во пресрет на 7 мај – Денот на македонската полиција.

Министерот додаде дека со создавањето на подобри услови за полициските службеици се поттикнуваат тие да бидат помотивирани во работата, со што се зголемува и безбедноста и ефикасноста.

„Продолжуваме со создавање на услови за ефикасност на полицијата. Се реконстурира СВР Куманово, се реконстуира полициското одделение во Маврово-Ростуше, а наскоро се очекува да се започне и со реконструкција на полициските одделение во Прилеп, Крушево и Чашка“ изјави министерот Спасовски.

Тој додаде дека министерството веќе изградило и два капитални објекти за државата, а третиот се очекува нскоро да започне со градба.

„После многу години, ние успеавме да изградиме два капителни објекти за државата. Првиот е ИКТ центарот во Прилеп, кој е единствен на Балканот. Објект кој што значи зачувување, односно бекап на сите електронски податоци, не само на МВР туку и на сите државни институции што ќе склучат договор со министерството. Вториот е новата зграда за крим техника, која што е при крај. Таа е опремена со најнови лаборатории, кои исто така ќе помогнат во подобрување на ефикасноста“ изјави Спасовски и додаде дека наскоро се очекува да започне со изградба и новиот Центар за странци.

Тој најави дека пристгнати се и новите униформи за сите единици на специјалната полиција кои што ќе бидат промовирани утре, на Денот на Македонската полциција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e