Сопругата на Јанакиески го нападна Груевски во својот ФБ статус!

Сопругата на Миле Јанакиевски, Сања објави статус на својот Фејсбук профил каде вели дека во Македонија се случува политички линч, наместо правда.

-Политички линч, наместо правда! Апелациониот суд е должен да одговори:

1. Дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство? Каде се тие сметки?

2. Кој ја зборува вистината анонимниот извор на УБК или Претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов?

3. Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со Претседателот Иванов и со Миле Јанакиески?

4. Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето на одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права?

5. Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе!, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e