СОНК И МОН постигнаа договор: Просветарите од 1-ви јануари ќе добијат повисоки плати

Синдикатот за образование, наука и култура СОНК и Министерството за образование на денешната заедничка средба постигна договор за покачување на платите од 1-ви јануари следната година.

На денешната средба во просториите на министерството беше постигнат договор со кој платата на просветарите се покачува за 10 % од 1 јануари.

Министерот Арбер Адеми истакна дека ова покачување доаѓа после двете претходни покачувања
-Со ова одлука ќе се враќа дигнитетот на оваа професија. Во следниот период МОН ќе продолжи со подобрување на материјалните и нематријалните компоненти во образованието. – рече Адеми.

Покачувањето на платите важи за средните, основните и виши училишта.Министерот информира дека покачување од 25% има и за научните институти.

Претседателот на СОНК истакна дека нивното барање за зголемување на платите, денеска беше официјално прифатено.

За таа цел сакам да истакнам дека ова е почеток на нови конструктивни разговори со МОН. – рече претседателот на СОНГ Јаким Неделков.

Беа отворени прашања и кои ги мачат вработените вобобразованието.

Министерот Адеми вели дека постигнатата спогодба е во рамки на историски договор и покачување на платите во образованието.

Платите на вработените во образованието се покачени за 21.3% за еден мандат, а од буџетот, заклучно со следното покачување, се издвоени 1,4 милјарди денари.

И.Р.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e