Славчо Попоски: Можно невреме – Нестабилна воздушна маса се движи кон Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните часови како и во текот на утрешниот ден ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а поради загреаната атмосфера локално не се исклучува можноста и за појава на НЕВРЕМЕ со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. За време на овој бран исто така локално ќе наврне и позначително количество на воден талог ( над 20 л/м2).

Поради спуштање на малку посвежа воздушна маса од север утре ќе дува северен ветер кој локално ќе засилува по интензитет и тоа особено Долж Повардарието и истиот ќе ги намали температурите во споредба со денешните за околу пет степени и утре истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени а повторен пораст на истите ќе имаме за време на викендот како и во текот на следната недела и тоа под влијание на значително потопла вздушна маса од југ кога очекуваме и температури од над 30 степени но атмосферата и покрај ова нема да биде во целост стабилба па очекуваме локален развој на нестабилност.

Подготви: Славчо Попоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e