„Скопје 2014“ за две години потежок за 123 милиони евра

Иако во програмата на владејачката СДСМ има цело поглавје „Темелно преиспитување на проектот Скопје 2014“, премиерот Зоран Заев на првата дебата со новинарите рече дека нема да троши пари на граѓаните за уривање на „Скопје 2014“, но дека тој лично би сакал да „соблече“ барем една фасада.

Многумина помислија дека тоа ќе се случи со барокната фасада на Владата, откако Заев побара да се отворат портите од големата барокна ограда, меѓутоа засега нема официјално информација дали оваа желба ќе му се оствари.

На што најмногу пари се потрошени во рамките на проектот „Скопје 2014“
Базата „Скопје 2014 под лупа“ откри дека во проектот, којшто е дело на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, содржи 137 објекти, за кои пари одвоиле 32 државни институции и кои ангажирале вкупно 143 фирми, девет леарници и дури 150 автори на идејни решенија, пишува БИРН.

Најголем дела од парите беа наменети за згради, дури 430 милиони евра, 57 милиони се потрошени за катни гаражи, 43 милиони за фасади, а 33 милиони евра за споменици.
Од институциите најголем трошаџија за „Скопје 2014“ е Службата за општи и заеднички работи на Владата која учествува со 22 проценти од проектот, по што следува Министерството за култура со 18 отсто.

Целиот текст објавен на “Призма” прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e