Што пишуваат грчките медиуми за средбата во Охрид?

За вчерашната средба на министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Охрид грчките медиуми ја пренесуваат изјавата на шефот на грчката дипломатија дека се направени чекори напред и дека уште остануваат отворени тешките прашања.

Тие пишуваат и за изјавата на македонскиот министер Димитров дека е разговарано и за временскиот рок за имплементирање на евентуалниот договор.

Медиумите во Грција пишуваат и дека и натаму остануваат отворени прашањата-ерга омнес употребата на името, Уставот и националноста, додека, пак, договор е постигнат за заштита на границите, заеднички активности во иднината, билатералната соработка и иредентизмот, пренесува дописникот на МИА од Атина.

„Без големиот чекор од скопската страна завршија разговорите на Коѕијас и Димитров во Охрид, но процесот продолжува со договор за одредени аспекти на името, а остануваат разликите“- објави грчката државна телевизија ЕРТ.

Целиот текст на порталот Фактор можете да го прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e