Шкријељ: По 700 денари ќе добијат учениците од основно и по 1000 денари децата од средно

Владата донесе уредба правото на образовен додаток да продолжи да се исплаќа без разлика на тоа што во моментов немаме редовна настава. Целта е да се олесни пристапот на семејствата без приходи, изјави дополнителната заменик-министерка во МТСП, Санела Шкријељ.

-Секој поединец заслужува еднаква грижа, а приоритет, додаде таа, секогаш се децата, бидејќи тие се најранливи на сите овие стресови за време на кризните ситуации. Значајно е семејствата без приходи да добијат дополнителна поддршка. На вчерашната седница, Владата донесе уредба правото на образовен додаток да продолжи да се исплаќа без разлика на тоа што во моментов немаме редовна настава. Целта е да се олесни пристапот на семејствата без приходи. Околу 17.000 деца ќе добијат право на образовен додаток, 700 денари за децата од основно образование и 1000 денари за децата од средно образование, рече Шкријељ.

Во однос на видеото што вчера беше објавено на социјалните мрежи, а на кое се гледа како двајца штипјани крвнички тепаат една девојка, Шкријељ порача дека системот за социјална заштита функционира и дека сервисите работат непречено.

– Ги охрабрувам сите жртви на семејно насилство што имаат потреба од помош и од поддршка да се обратат во центирете на социјална работа, рече Шкријељ.

Таа исто така посочи дека во земјава во моментов се регистрирани вкупно 239 бездомни лица, но дека за нив се обезбедени услови за привремено сместување.

– Координирани сме со припадниците на МВР и на бездомните лица им се обезбедува сместување, храна и здравствена заштита. Во моментов имаме регистирано вкупно 239 бездомници,рече Шкријељ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ