Шекеринска од Свети Николе: И денес во Собранието ВМРО ДПМНЕ се водеа од истата деструктивна матрица

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше против парите да завршуваат назад кај граѓаните, тие мислеа само на себе и нивното богатеење. И денес во Собранието тие се под истата деструктивна матрица, тие не гласаат за законите за покачувањето на минималната палата, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на граѓанската трибина На прав пат во Свети Николе.
Зборувајќи во преполната сала на Домот на културата Шекеринска рече дека за само 2.5 години СДСМ ја покачи минимлната плата за 5.500 денари а просечната плата за над 2.000 денари.
-За само 2.5 години ние ја покачувме минималната плата за 5.500 денари. За една година, тоа се повеќе од 60 илјади денари за еден работник само поради тоа што се покачила минималната плата. Просечната плата ја зголемивме за 2 илјади денари, тоа се дополнително 24 илјади повеќе кај граѓаните. Е тие Закони ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги блокира. Не дозволуваа 11 години да се обезбеди пораст на платите, сега повторно се трудат да блокираат. 11 години велеа дека стечајците не може да се решат еве ние ги решивме, успеавме за само 1.5 година. Не може една партија да го бара вашиот глас ако се бори против најзагрозените граѓани, ако е против покачување на платите и против стечајците, рече Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e