Шекеринска: Договорот од Преспа ги отстрани сите пречки за интеграција во двата најсилни светски сојузи

На 17 јуни пред две години се потпиша Договорот од Преспа со што се затвори повеќедеценискиот спор со нашиот сосед Грција. Договорот од Преспа ги отстрани сите пречки за интеграција во двата најсилни светски сојузи – Европската Унија и НАТО и ни ги отвори вратите кои беа затворени цела деценија, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод две години од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Република Северна Македонија стана членка на НАТО што е најсилна гаранција за територијалниот суверенитет, за безбедноста и стабилноста.
Во март 2020, ЕУ донесе одлука за започнување на преговори за наше членство.
Деструктивните обиди на ВМРО ДПМНЕ за блокирање и кочење на напредокот не успеаја, нема да им успеат ниту обидите за враќање на државата назад во времињата на изолации и поделби, истакна Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e