Шекеринска: Антидржавно е граѓанските организации да се сметаат за непријатели

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во Владата одржа конститутивна седница на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, информираат од владината прес-служба.

Таа на присутните претставници на граѓанските организации им рекла дека членовите на владата овие средби ги гледаат како начин преку кој со соработка со граѓанскиот сектор може да се помогне во остварување на владините приоритети.

– Ве гледаме како сојузник во борбата против „заробената држава“ која што не се победува на избори, туку се победува преку многу, болни, тешки, понекогаш и долги реформи. – рекла Шекеринска.

Според вицепремиерката, Советот не е само средство на граѓанските организации за постигнување на поголема гласност и влијание, туку и како начин до Владата да пристигнат повеќе информации и различни мислења за силен инклузивен дијалог.

Целиот текст на порталот Либертас можете да го прочитате на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e