Северна Македонија ќе учествува во Доверителниот фонд на НАТО за справување со Ковид-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за контрибуција на Република Северна Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за справување со пандемијата Ковид-19.

При тоа, како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за финансии, согласно можностите, да издвои финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, за учество во Доверителниот фонд на НАТО, како израз на посветеноста на Владата на Северна Македонија да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e