Се продолжува важноста на истечените документи додека трае вонредната состојба

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев информира дека денес до Владата доставил уредби со сила на закон со кој се овозможува продолжено важење на истечените лични документи до завршување на вонредната состојба на државата и тоа: лични карти, возачки дозволи и патни исправи за македонските граѓани и дозволата за престој за странските државјани.

„Свесен сум дека живееме во услови кога движењето е сведено на минумум, но со оваа одлука ги заштитуваме граѓаните, но и вработените во Управните служби на Министерството за внатрешни работи“, информира Чулев.

Ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e