СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е сигурен губитник на изборите, тоа преку ноќ не се менува со брифинг на Мицкоски

„Колку и да се труди Христијан Мицкоски не може да наметне лажна перцепција кај гласачите.

ВМРО-ДПМНЕ е сигурен губитник на изборите, тоа преку ноќ не се менува со брифинг на Мицкоски.

Ова е тактиката која му ја смисли на Мицкоски неговиот ментор Груевски во Будимпешта, како вовед во борбата за тронот после поразот на локалните избори. Мицкоски да не го признава поразот со правдање дека некој нешто наводно му украл.

СДСМ е сигурен победник на изборите и нема намера да се меша во внатрешните пресметки во ВМРО-ДПМНЕ.

Ако решиле да живеат во лаги, заблуди и манипулации наменети за нивните членови, тоа е нивна одлука.

Но и тие добро знаат дека коалицијата “Најдоброто за вашата општина” предводена од Зоран Заев и СДСМ е апсолутен фаворит за нова, седма по ред, изборна победа“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e