СДСМ: Власта на Груевски уништи 405 фирми во Велес само во последниве две годнини!

Прес конференција СДСМ Велес
Панче Иванов, претседател на ОО СДСМ Велес
Велес, 26.10.2016
Почитувани граѓани,почитувани преставници на медиумите

Масовно се затвораат фирми во Велес, масовно луѓе губат работа, а младите заминуваат од државата во потрага по егзистенција!

Стечајот на Жито Вардар е отворен на 03-03-2016 година a пред две недели ја ликвидираа најголемата фабрика за храна Жито Вардар (производтсво на леб,кланица,сточна храна).Оставија на улица без работа,без исплатени плати и придонсеи преку 900 вработени.

405 домашни фирми се затворени во Велес само за двe години!

Според официјални податоци, лани ликвидирани се 134 фирми, а 54 отишле во стечај или се затворени.

Во 2014 година, во Велес се ликвидирани 162 фирми, а 55 фирми прогласиле стечај.

Сопствениците на фирмите се принудени да стават клуч на врата на претпријатијата поради лошите и криминални политики на власта. Од рекети и високи казни, преку крајно потценувачкиот однос што го има власта на Груевски кон домашните фирми на кои им дава безобразна државна помош од 120 денари годишно!

Времето на неодговорната власт на Никола Гриуевски и ВМРО-ДПМНЕ завршува за четириесеттина дена.

По деморкатските промени на 11 декември, новата влада предводена од СДСМ парите ќе ги насочи исклучиво кон потребите на граѓаните, фирмите и кон отворање нови работни места.

Една од клучните мерки во Планот за живот во Македонија е предвидената поддршка на малите и средни претпријатија во висина од 140 милиони евра!

Силно ќе ги помогнеме малите и средни претпријатија за да може да отворат нови работни места, да се покачат платите на вработените и младите својата иднина да ја гледаат дома, во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e