СДСМ Велес: ЈП Македонски шуми веднаш да достави дрва за огрев

Почитувани граѓани, почитувани преставници на медиумите

Поминаа две недели откако јавно ги повикавме ЈП Македонски шуми подружница Бабуна да одговорат зошто се уште не им доставиле дрва за огрев на граѓаните на Велес.

Од ЈП Македонски шуми се уште молчат, а граѓаните на Велес се уште не можат да дојдат до своите дрва за огрев.

Незадоволството на велешани од лагите и манипулациите на директорот кој е воедно и секретар на Општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ Велес, кулминираше поради што мораше да интервенира и велешката полиција за да не дојде до поголем инцидент.

На сите граѓани кои ги исплатиле дрвата за огрев, ЈП Македонски шуми мора веднаш да им ги достави, за да можат нормално да се подготват за зимата.

По демократските промени на 11 декември, за оваа и за сите злоупотреби на штета на граѓаните, ќе има одговор. – изјави Весна Стојанова Богоевска, советник во Општина Велес и портпарол на ОО СДСМ Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e