СДСМ: Стратешката цел е остварена – Република Северна Македонија е 30 членка на НАТО!

Во време кога се бориме со заканата од корона вирусот, добри вести пристигнаа за нашата држава и нејзината сигурна иднина, порачаа од СДСМ во најновото соопштение.

Сенатот во Шпанија без ниту еден глас против го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Со тоа остварена е и последната ратификација на Протоколот. Северна Македонија и официјално станува членка на најголемиот воено безбедносен сојуз, реализирана е тридецениската заложба на генерации наши граѓани.

Политиките на Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ во изминатите две и пол години допринесоа за остварување на стратешката цел-членството во НАТО.

За само две и пол години остварена е една од двете највисоки цели во надворешната политика. Стратешката цел е остварена, испишавме историја!

Членството во НАТО значи трајна сигурност на границите, безбедност и стабилност на државата, но значи и економски напредок, развој, подобар животен стандард на граѓаните, странски инвестиции и пристап до пазар вреден 4 милијарди евра годишно.

Членството во НАТО е мотив плус, да продолжиме уште попосветено и помотивирано во остварување и на другата стратешка цел – членството во ЕУ.

Им благодариме на сите земји членки на НАТО кои го ратификуваа Протоколот и благодариме и на Шпанија за ратификацијата во невообичаени околности додека и таа како држава но и цела Европа се справуваат со коронавирусот.

Солидарноста и заедништвото се најсилното оружје од справување со било каква опасност.

Здравјето пред сѐ и над сè, ќе се издигнеме уште повеќе и ќе успееме уште повеќе, стои во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e