„Фијаското на таканаречените протести на Христијан Мицкоски покажува дека дури ниту во неговата партија веќе не му веруваат лагите што секојдневно ги пласира.
Се помалку членови на ВМРО-ДПМНЕ учествуваат во блокадите на Мицкоски, кои ги нервираат граѓаните и го отежнуваат нормалното секојдневно функционирање.
Додека Мицкоски измислува непостоечки проблеми за да си ја здржи фотелјата во белиот дворец, СДСМ, Владата и парламентарното мнозинство остануваат посветени на реформите што носат развој, што носат напредок во интеграцијата кон ЕУ“, се вели во соопштението на СДСМ.