СДСМ: Нов дебакл на протестите на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се против блокади

„Протестите на очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ доживеаја дебакл ширум земјава. Едвај 13 возила со 14 луѓе, тоа е просекот на денешните „протести“.

Граѓаните со ова испратија силна порака до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, народот е против блокади!
Наместо во чувствителни моменти за државата да и помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одмагаат и саботираат.
Опозицијата нема чувство за националните интереси и се обидува да ги саботира напорите да добиеме Меѓувладина конференција и премостување на блокадата во ЕУ.

И во Собранието и надвор од него, ВМРО-ДПМНЕ блокираат закони и процеси важни за иднината на државата и граѓаните.
Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира.

Затоа денеска добија силна порака од граѓаните дека не прифаќаат блокади, кочења и уназадувања!
Граѓаните се за напредок, просперитет и развој“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e