СДСМ ќе победи на локалните избори, вели анкетата на „Брима“

Очигледно е дека партиите се веќе влезени во трка за локалните избори наесен, а за тоа сведочат теренските активности, трибините и презентирањето на изборните платформи, но и кандидати за градоначалници. Следствено на тоа се интензиивираат и анкетите за рејтингот на политичките партии и нивните лидери.
Последна во низата анкети со мислењето и очекувањата на граѓаните за исходот од локалните избори е на агенцијата „Брима“. Според неа СДСМ е повторно во водство од 18,9% проценти пред ВМРО-ДПМНЕ со 16,3%. Тоа значи дека СДСМ би бил победник на претстојните локални избори, доколку би се одржале денес.
Според оваа анкета ДУИ би освоила 6,3% од гласачкото тело, додека Алијанса за Албанците 5.9%.
Овие резултати го потврдуваат водството на СДСМ кое беше регистриано и со резултатите од анкетата на реномираниот Републикански институт од март годинава според која СДСМ водеше со 19% спрема 16% за ВМРО-ДПМНЕ. Карактеристично за таа анкета е што СДСМ го задржал својот рејтинг како и во 2017, додека кај ВМРО-ДПМНЕ има пад од 2%.

Рејтинзите на другите партии се речиси идентични кај сите анкети со мала разлика во процентите. ДУИ е секаде во водство пред останатите партии на Албанците, со таа разлика што оваа последна анкета на Брима покажува пад од скоро 2% од рејтингот од 8% што го имала во анкетата на ИРИ во март. Алијанса за Албанците чиј рејтинг е сега 5,9 е зголемен од претходните 4% кај ИРИ и малку понизок од 6,2% кај МЦМС.
Но затоа пак Беса си го поврати рејтингот од скоро 4% (3,9 сега), што за Социјалдемократите е важно ако се земе предвид дека тие се дел од коалицијата со која заедно настапија на парламентарните избори. Затоа и велат дека кумулативно нивниот рејтинг би бил 22,8%.

Кога се прават овие анкети за рејтингот на политичките партии речиси секогаш се следи и рејтингот на нивните лидери, па според оваа најсвежата анкета Претседателот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните.

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците.

АнкетаБрима-4

Огромно мнозинство од македонските граѓани остануваат посветени на европската агенда, потврдуваат дека нашата иднина е во ЕУ.

Анкетата на „Брима“ е правена во периодот од 28 мај до 16 јуни, на терен, во домовите на испитаниците, преку ТАПИ методот, при што се опфатени 1.194 испитаници. Маргината на грешка е плус минус 2,8 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e