СДСМ: Илија Димовски гласаше за создавање на Државна видео лотарија, а денес конструира случаи за редовни набавки на компанијата

Безидејноста и лицемерието во ВМРО-ДПМНЕ кулминираат како што наближува извесниот изборен пораз на предвремените парламентарни избори, велат од СДСМ во најновото партиско соопштение.
Компанијата за која деновиве ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки скандали е компанија основана во 2014 година, време на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, а токму Илија Димовски кој деновиве неосновано обвинува гласал За формирање на Државната видео лотарија.
Немајќи што да понудат пред граѓаните, од белиот дворец продолжуваат со конструирани случаи и измислици со цел да ја покријат сопствената безидејност.
Колку ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во безидејност говори и тоа што една од набавките е отворена токму во времето на нивното владеење.
Набавката за која лажно обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ е распишана одамна, а поради обемноста, процесот за нејзина реализација траел подолг период.
Како што информираа од Државна видео лотарија, набавката на слот-машините е од сопствени средства и не е потрошен ниту еден денар од граѓаните. Напротив, Државната видео лотарија преку законско и транспарентно работење учествува во полнење на Буџетот и за разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога Државната видео лотарија беше загубар, денес таа е една од најуспешните компании.
Тендерите се согласно основната дејност на компанијата и се редовна пракса за обнова на апаратите кои впрочем се извор на приход на компанијата.
Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ. Во отсуство на идеи и програма, опозициската партија се обидува да продуцира непостоечки скандали за нешто што е редовна пракса на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e