СДСМ: Фрустрираниот Мицкоски преку свои кадри се обидува да спречи хуманитарни акции и на секаков начин се обидува да им одмога на граѓаните

На скандалозен начин, структури на Наќе Отсјај во полицијата се обидоа да попречат хуманитарна акција за помош на илјадници загрозени семејства која се одвива цел месец.
И во време криза наместо да помогнат ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски на секаков начин гледаат како им одмагаат на граѓаните, порачаа денес од СДСМ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не знаат да донираат, да помагаат, да дадат, тие знаат само да грабаат од граѓаните, а парите да завршуваат на лични сметки и во белиот дворец.

Граѓаните уште еднаш може да се потсетат на режимското МВРО-ВМРО. Истите манири кои 11 години ги практикуваше режимот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ денес предводено од Мицкоски.

Во време на сериозна здравствена криза, Мицкоски се профилира како најнеодговорен поединец.

Мицкоски јавно и дрско лажеше дека имало само стотина тестови за коронавирусот а од тогаш па до сега напревени се илјадници тестови, потоа лажеше дека дури 140.000 граѓани останале без работа, Мицкоски не почитува мерки за носење маски и држење дистанца, а на крајот, неговиот кадар, Наќе Отсјај се обидува насилно да спречи хумана, благородна активност за помош на најранливите.

Наместо реална помош, наместо да се откаже од државното финансирање на неговата ВМРО-ДПМНЕ, фрустрираниот Мицкоски прави само штети, ширејќи лаѓни вести и дезинформации со кои му штети на јавното здравје.

Такво неодговорно, незрело однесување не се памети во нашата демократија, такво однесување нема ниту една опозиција во светот.

Граѓаните, јавноста, го ценат ваквото катастрофално однесување на Мицкоски и своја оценка ќе дадат многу скоро. Фрустрациите на Мицкоски нема да ја попречат борбата против економските и здравствени последици од коронавирусот, велат од СДСМ во најновото соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e