Рамадани: Не сме свесни што постигнавме со влезот во НАТО

Да успеевме на овој самит да бидеме полноправна членка на НАТО, ќе беше рекорд во тоа што значи времетраење на ратификација на протоколот, но како и да е сите кои бевме дирекно вклучени во ова и граѓаните треба да бидат задоволни од она што до сега успеавме да го направиме. Можеби не сме свесни до крај што значи ова за нас, една мала држава да биде рамноправна, на иста маса, на иста церемонија со големите сили. Ова е привилегија за нас, вели Исмет Рамадани, советник на премиерот Зоран Заев за НАТО интеграциите.

-Шпанија е на пат до финализириање на создављање влада и праламент каде треба да биде ратификувано нашето членство. Тогаш ќе следува нова церемонија со поставување на знамето на Северна Македонија пред седиштето на НАТО, вели Рамадани.

Во однос на оние 2 отсто кои Северна Македонија треба да ги одвои за одбраната, Рамадани вели дека не значат апсолутно ништо во однос на она што го добива државата за возврат од НАТО.

-Македонската армија ќе добие најсовремена опрема, ќе има заштита од најголемите сили, а финансиите кои треба да се дадат онолку колку што имаше во торбата на Боки 13, вели Рамадани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e