На вчерашниот почеток на предизборната кампања, коносителот на ИЕ 3 од СДСМ и коалицијата, Љупчо Николовски, се обрати од своето родно место – Крива Паланка.
Со жар, гордост и љубов ја охрабри преполната сала дека има уште посилна енергија и решителност, кои му даваат стимул да оди напред и да продолжи да менува животи на поединци на подобро – и како човек, и како политичар.
Граѓаните ги потсети дека СДСМ дојде на власт после пустошот на режимот, во најтежок период на криза во секоја смисла: енергетска, здравствена, ценовна, инфлаторна…
И во такви услови, со искрена волја за подобро утре се преземаа радикални чекори и се направија првите промени: 2,6 милијарди евра наместо за споменици отидоа за помош кон граѓаните и стопанствениците, 20 000 фирми добија помош, спасени беа 80 000 работни места, им се помогна на над 600 000 фамилии, за 3 пати се зголеми минималната плата, за 2 пати се зголеми просечната плата.
“Бевме заборавени од сите државници, но заедно се изборивме да бидеме фактор на стабилност во регионот, jа добивме автокефалноста на МПЦ, македонскиот јазик е признаен секаде, сите преговори се водат на македонски јазик” – изјави Николовски.
После оваа тешка бура, Николовски најави дека е подготвен да влезе во нова борба за остварување на тридеценискиот сон за внес на државата во ЕУ до 2030 година.
За разлика од оние што ветуваат гордост, а после 8 мај ќе размислеле што ќе прават со државата, немаат одговор на ниту едно прашање, не кажуваат алтернатива, немаат храброст за тешки одлуки и немаат застанато зад ниту една битна одука на државата, СДСМ има план со конкретни мерки за подобар животен стандард со отворен европски пазар и отворени европски фондови.
ЕУ значи повеќе пари за сите граѓани, а Николовски гарантира:
Минимална плата од 600 евра
Просечна плата 1100 евра
Просечна плата 1300 евра на денот на влез во ЕУ
Минималана пензија 20 000 денари
Просечна пензија 30 000 денари
Вкупно 3,5 милијарди евра инвестиции
Едноцифрена стапка на 7% невработеност до 2028
Повеќе извоз од увоз на храна
1,3 милијарди евра за модернизација на земјоделството
200 евра за секој млад човекдо 26 години за неговото прво вработување
1000 евра за сите специјализанти
До 3000 евра плата во македонското здравство.
Секој граѓанин ќе добие акција во државните енергетски компании МЕПСО, АКЦИЈА во ЕЛЕМ.