“Како се трошеле нашите пари. Веќе е покрената дисциплинска постапка и зависно од исходот ќе следува и соодветна судска постапка. Нанесена штета од преку 800.000 евра. Додека некој се потсмева на покачување на минималецот, на своите партиски војници им давале плата без да одат на работа.” – напиша на Фејсбук, Драги Рашковски, генерален секретар на владата и ги сподели овие документи.