Пресудата за „поткуп“ во понеделник, Заев ќе ја почитува секоја судска одлука

Oдбраната на премиерот Зоран Заев во завршните зборови за случајот „Поткуп“  побара да отпаднат, т.е. да се издвојат доказите од посебните истражни мерки против него, зашто обвинителството за организиран криминал го преиначи обвинението. Судијата Дарко Тодоровски ова судење го продолжува сам, без судијката Добрила Кацарска и без порота, затоа што од обвинителен акт се преиначи во обвинителен предлог. Пресудата ќе биде соопштена во понеделник во 12 часот.

Ќе ја почитувам секоја судска одлука, каква и да биде”, рече Заев по судењето.

ПИ-мерките, снимки кои беа гледани зад затворени врати во судот, беа главен дoказ во првичното обвинение каде Заев беше обвинет дека примил поткуп од 164 илјади евра. Предвидената најмала казна за ова е 5 години затвор.

Адвокатот Филип Медарски ги оспори тврдењата на Николов кој призна дека бил агент-провокатор. Рече дека затоа тој и не може да биде сведок. Медарски рече дека нема ни примање поткуп, ни обид, ни ветување за примање награда. Побара Заев да добие ослободителна пресуда.

За време на сведочењето, бизнисменот Иван Николов кажа дека лично тој го снимал Заев кога одел да разговара за приватизацијата на земјиштето за кое бил заинтересиран. Рече дека само го давал палтото во полиција, таму ја местеле камерата и влегувал кај Заев во градоначалничката канцеларија со прашања кои му ги кажувале обвинители.

Николов рече дека го терал и да повторува кога се правел муабетот за екстра парите што требало да ги даде покрај оние за приватизирање на петте парцели.

Извор: СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e