Прентовиќ: Сите имаме обврска да работиме на развојот на земјоделството

Иако министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со техничката Влада доби дополнителен-заменик министер за овој ресор, без пречки ќе продолжиме со  спроведувањето на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со навремена и неселективна исплата на субвенциите, рече денеска на прес-конфернција Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ.

Тоа значи дека и во следниот период Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе продолжи со навремената и неселективна исплата на субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2019 година. Исплатите  на субвенциите продолжуваат според календарот за исплата.

Земјоделците можат да бидат спокојни, нема поништување на објавените јавни повици за давање на државно земјоделско земјиште под закуп.

Земјоделците сеуште можат, заклучно до 22 овој месец, да аплицираат на четири вакви активни јавни повици.

Непречено и согласно динамиката продолжува и реализацијата на инвестициите во водостопанската инфраструктура. Како што се изградбата на брани и современи системи за наводнување, малите еколошки системи за наводнување и други инвестиции во водостопанството кои ќе овозможат наводнување на нови над 28 илјади хектари земјоделска обработлива површина.

СДСМ нема да дозволи граѓаните  да бидат жртви на притисоци, блокади, дневни препукувања во предизборниот период.

Притисоците и селективноста не се наша одлика. Ние не ги злоупотребуваме институциите како што тоа го правеше претходната Влада. Граѓаните очекуваат нормално функционирање на сите институции, порача таа.

Затоа, без разлика што сме идеолошки различни, ги повикуваме техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од матрицата во која се заглавени и до изборите на 12-ти април заедно да работиме исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

Врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада, е обезбедување на континуитет во функционирањето на институциите, на владеењето на правото и демократијата.

Земјоделството е еден клучните двигатели на нашата економија и сите имаме обврска да работиме на развојот на оваа стопанска гранка, порача Прентовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e