Поранешен инженер во Охис: Престанаа да го откупуваат линданот, па моравме да го складираме во Охис

Поранешен инженер во фабриката Охис, Перо Нане во дебатната емисија Топ тема изјави дека линданот во фабриката Охис во главно се користел и произведувал затоа што доста бил откупуван од страна на Германија и Русија. Но, откако од страна на Европската унија е утврдено дека тој е премногу опасен по човековото здравје, овие држави престанале да го корситат односно откупуваат.
Подоцна и Охис престанал со производство и користење на линданот, но оној кој останал бил складиран во фабриката и оставен до денес.
-Линданот беше дадена технологија од Германија, но од таму не работат више со неа затоа што е опасна. Со линданот беше опасно, имаше голема миризба, но мораше со тоа да се работи. Знаевме дека е опасен како пестицид, но доста се продаваше се додека на крајот Германците и Русите не го забранија, но сепак остана во кругот на фабриката до сега. Кога престанаа да се користат овие изомери во Германија и Русија тие останаа во фабриката и мораше да ги складираме, вели Нане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e