Попов: Потпишани договори за 23 проекти финансирани од ТАВ во вредност од 9,9 милиони евра, инвестираме во развојот на секоја општина

Инвестициите во инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво, за подобар живот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој, се врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, изјави на денешната прес-конференција Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ.

„Со прераспределба на средствата од ТАВ кои беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип, во висина од 35 милиони евра, се финансираат 99 проекти во вкупно 75 општини, во сите плански региони.

Веќе се потпишани договорите и доделени се средства за проекти во 23 општини во вкупна вредност од 9,9 милиони евра.

Општините Бутел, Прилеп, Шуто Оризари, Крива Паланка, Валандово, Струмица, Делчево, Липково, Тетово, Чаир, Сарај, Карпош, Неготино се само дел од 23те општини кои веќе ги потпишаа договорите и влегуваат во реализација на проектите“, истакна Попов.

Попов нагласи дека средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, основни училишта, детски градинки и други проекти важни за развој на општините.

„Преку одговорен пристап инвестираме во капитални проекти кои обезбедуваат локален економски раст и рамномерен регионален развој, проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот во сите општини.

Како одговорна, државотворна партија остануваме посветени на мерки и политики што се во интерес на граѓаните и државата.

Затоа со право велиме дека СДСМ го има најдоброто за секоја општина, најдоброто за државата“, посочи Попов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e